Актуелно

Јаневска: 19 дена пред почетокот на учебната година Мила Царовска сѐ уште нема модел за настава

Интегрален текст од прес конференција за медиуми, Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес е 12 ти Август, точно 19 дена пред почеток на новата учебна година. На 19 дена пред почеток на учебната година министерката Мила Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни 3 одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физички настав, а дел да следат настав онлајн. Тоа е истиот модел, истото како и минатата година кој заврши успешно со тоа што наставата се одвивала по распоред.

На 19 дена пред почеток на учебната година во јавноста не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Не видовме како би изгледал во форма на печатен учебник, односно фотокопија, ниту видовме барем еден изготвен дигитален учебник. За дигитални учебници воопшто не станува збор.

Бидејќи платформа за подршка на дигиталните учебници нема, новата иновација на министерката е дека наставниците ќе ги спуштат дигиталните учебници, кои ги нема, на уредите на учениците и ќе ги обучат и учениците и родителите за користење на дигитални учебници, кои на 19 дена пред почеток на учебната година ги нема.

Електронски уреди за следење на наставата исто така нема, ниту за учениците од прво и четврто одделение, ниту за останатите од ранливите групи кои минатата година останаа без уреди.

Учебници за останатите одделенија кои не се по новата Концепција исто така нема.

Учебници за средните стручни училишта исто така нема.

На 19 дена пред почеток на учебната година свидителствата уште не се напишани и најверијатно ќе се пишуваат во последен момент во време кога бројките на заразени од корона вирусот забрзано растат.

Според сето ова до сега кажано се јавува оправдан сомнеж дека е можно да се оствари едно единствено сценарио, а тоа е учебната година повторно, како и лани да почне со еден месец задоцнување. Или, можеби ќе почне по секоја цена, без учебници, без дигитални уреди, без подготвени наставници, само колку да почне без оглед на реалната состојба.

На почеток