Коментари

„Не е само да одат во школо а плачејќи да искачаат од дома со страв повторно да не се заразат“, реакција од групата „Поддршка за онлајн настава“

Мајка од Скопје во групата „Поддршка за онлајн настава“ сподели искуство за кое тврди дека е од нејзина пријателка, чие дете учи во средно училиште. Во статусот се осврнува на слабостите кои се присутни со наставата со физичко присуство која започна од први септември, поради стравот на децата дека ќе се заразат со коронаврисуот.

„Само настава на далечина, наставниците сами им кажуваат на децата дека не сакаат да се вакцинираат. Од страв дека нема дистанца носат по две маски и седат гладни исто од страв, затоа што ако излезат во двор има многу мешање на деца а треба да симнат маска да јадат. Пријателка што прележа кажува го прават ова во средно од страв пак да не се зарази повторно… зашто дома има хронично болни кои едвај преживеа со минатиот сој…а за ЈСП воопшто и да не зборам а исто и се плашат да користат тоалет бидејќи не гледаат дека некој прави дезинфекција/ По 15 мин чекаат за влез во школо средно со над 1600 ученици а тек сега кога ќе залади ептен лошо. Не е само да одат во школо а плачејќи да искачаат од дома со страв повторно да не се заразат. Жално кажува се осеќа како во логор…. И дома се изолира од страв бега од родителите. Колку ли ќе бидат сконцентрирани на часови со ваков страв ? До кога со страв??? 32 згаснати животи само денес и се усте ли нема место за паника??? Здравјето на децата пред се….“, пишува таа.

Пред почетокот на учебната година, имаше и најава за протести доколку не се промени моделот на учење, но тие не се одржаа. Отсуство и учење онлајн, не е дозволено за сите ученици, туку само под одредени услови.

На почеток