Актуелно

„Министер за задгробен живот, каков мозок имаш ти?!“, Апасиев одново со критики за Филипче

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев одново го искритикува министерот за здравство, Венко Филипче. Овојпат, Апасиев го нарече Филипче „министер за задгробен живот“. Ова доаѓа откако вчера, по неколку дена повлеченост од јавност, министерот Филипче одржа прес-конференција.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Му горат живи луѓе во пластична модуларна болница, правена без никакви стандарди, од фирма блиска до власта. Под притисок на јавноста поднесува ФЕЈК-ОСТАВКА. Го нема три дена. И излегува на првата прес-конференција, со најава дека ќе затегал рестриктивни мерки кон граѓаните и ќе воведувал задолжителна ковид-вакцинација!? Па добро бе, каков ли мозок имаш ти, Министре за задгробен живот? Ако уопште имаш, оти видовме дека морал немаш!

To Top