Во детството обожавал да седи пред зграда во маало или поточно во Геге (Даме Груев), а сега, смета дека може да ги направи најкрупните промени во неговата општина поради што ја бара поддршката од жителите на Ѓорче Петров. Александар Стојкоски, кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина на претстојните избори за „Скопје1“ откри дел од својот живот, кој е тој приватно, што би направил ако победи на изборите, какво мислење има за противкандидатите и по што се двои од нив.
Ветува дека ќе биде градоначалник на сите жители, без разлика дали го гласале или не. Посочи дека веќе тоа го докажал и преку неговата докторска професија. Има и работи кои му пречат, има план што би направил ако му се дадат доволно средства и одврзани раце за работа во Ѓорче Петров.
„Сакам да водам активен живот, по тоа ме препознаваат најмногу“, вели Стојкоски за „Скопје1“.
Кандидатот ги откри клучните приоритети, кажа какви нови концепти ќе понуди, што ќе биде различно од се што е направено претходно во која било општина. За изборите, уверен е дека ќе победи во прв круг.
„За кошарка сигурно, во фудбал сум малку сум по така-така. Тука не можам да кажам со сигурност“, рече Стојкоски прашан дали би ги повикал против кандидатите на кошарка или фудбал, како и дали ќе ги победи.
Тој говореше и за семејството, неговите деца и помошта која ја добива од нив како млади жители на Ѓорче Петров.