„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

За еден месец се отвора новиот мост на АСНОМ со шест ленти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2-1

Привршуваат градежните работи на новиот мост на булевар АСНОМ, кој според планот се отвора за употреба во текот на наредниот месец. Мостот е веќе споен по интензивните градежни работи од двете страни на реката Вардар.

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба, преку централното градско подрачје. Со новиот мост се зголемува функционалноста и динамиката на движење, се олеснува сообраќајниот метеж, а Скопје и скопјани на располагање добиваат безбедна врска за движење низ трите општини.

— реклама —

Мостот на булевар АСНОМ се изведува во согласност со сите современи стандарди за изградба и е граден со најквалитетни материјали.

— реклама —

„Кога зборуваме за функционален и поврзан град, зборуваме за нови мостови. Во Скопје два мостови истовремено не се граделе со децении. Едниот го завршуваме есенва, а другиот штотуку го започнавме. Вардар нема да го дели Скопје, туку ќе го спојува“, вели градоначалникот Шилегов.

— реклама —

Новиот мост има 6 коловозни ленти, со енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување, како и тротоари и нови патеки за велосипедистите и корисниците на алтернативни средства на сообраќање. На новопробиениот булевар и на мостот се воведуваат и нови линии на ЈСП, а дополнително булеварот ќе го краси и дрворед, кој ќе биде засаден од двете страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања