Скопје

Бугарски весник ја реши дилемата за личната карта на Арсовска

Владејачката СДСМ тврди дека независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска има бугарско државјанство и бугарска лична карта, што ја прави недостојна за кандидатурата и бараат нејзино повлекување. Данела Арсовска ги негираше вкавите обвинувања на денешната прес-конференција.

Бугарскиот весник „24 часа“ објави дека Данела Арсовска сепак нема бугарска лична карта.

„Според објавената копија од личниот документ, кој е издаден во мај 2017 година со постојана адреса во Петрич и со важност до 2027 година, нашиот репортер на сајтот на МВР упати референца за бугарски лични документи. На посочениот број на лична карта и датум на раѓање испаднало дека: „Документот N: [6469489279] на лице со датум на раѓање [20.12.1979] не фигурира во списокот на валидни бугарски лични документи“, пишува „24часа“

На почеток