Скопје

ФОТО: Што наследи Стојкоски во кабинетот во Ѓорче Петров

Исчкртани ѕидови затече новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во кабинетот кој го презеде од ексградоначалникот Александар Наумоски од СДСМ. На ѕидот зад градоначалничкото столче, со пенкала и моливи е испишано „Клинички центар во Ѓорче“. На местото, имало и фотографија која е отстранета, за да може да се пишува на местото.

Александар Наумоски при предавањето кажа дека тоа е негов ракопис, откако Стојкоски изреагира што е со чкртаници на ѕидот. Неофицијално, според информации на „Скопје1“ кои ги доби од вработените, тој бил испишан во текот на оваа недела, откако Наумоски ги изгуби изборите.

Ова е првпат да се затече ваков чин во градоначалнички кабинет, кој наместо во уредна состојба, истиот се предава со чкртаници. Новиот градоначалник на Ѓорче, Стојкоски, во наредните денови ќе провери каква е состојбата со општината, по што ќе ја извести јавноста.

На почеток