Македонија

(ВИДЕО) Антиваксерка до пратениците: Дали имате психијатри? Во мозок треба да се вакцинирате

Вечерва пред Собранието се одржа протест поради најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека Комисијата за заразни болести ќе препорача на Владата да ја усвои мерката задолжителна вакцинација за здравствени работници, а вработените во јавниот сектор да мора да имаат сертификат за најмалку една примена доза, негативен ПЦР тест или документ за прележан Ковид 19 – за да дојдат на работа.

Присутните порачаа дека никој не може да ги натера на присилна вакцинација и имаат право на слободен избор.

„Вчера на полна месечина повторно правеа ритуали, во Охрид во светитот град. Така е запишано дека блудство ќе донесат во светата земја. Глејадте ги сите работи што се случуваат и ве предупредувам да се освестите. Нивниот план е до 2030 година се да уништат, а најмногу им сметаат Македонците“, изјави една од присутните на протестот

Потоа се обрати и до пратениците и ги праша дали имаат психијатри.

„Вие дали имате психијатри? Вие треба во мозок да се вакцинирате. Срам да ви е“, додаде таа.

 

 

 

На почеток