Македонија

Се огласи компанијата, објасни дали во автобусот се превезувале пиротехнички материјали и резервно гориво

Компанијата „Беса транс“ која со нелиценциран автобус превезуваше патници, а враќањето од патувањето во Турција заврши со 45 изгубени животи, демантира дека со возилото се шверцувало гориво или пиротехнички средства. Во јавна објава, тие објаснуваат дека во него немало ниту резервно гориво.

„Во автобусот немало багаж за шверц на бензин нафта или пиротехнилки средства. Овие шпекулации се злонамерни. Вкупниот капацитет на автобусот беше 450-500 литри дизел. Во никој случај немало резерва за шверцерски цели. Ги замолувме медиумите да не ја користат оваа дезинформација за уште повеќе да ги повредуваат семејствата“, се вели во дел од објавата.

Инаку, дел од бугарските медииуми пишуваа дека во автобусот имало резервни залихи на гориво. Според истите, горивото било разрелано и на автопатот „Струма“ каде загинаа 45 македонски државјани. Денеска пак, се излезе со информации дека во автобусот имало и пиротехнички средства.

На почеток