🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Како Македонија ќе ја чествува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
23102019_VRSM_svezo_cvekje_spomenikot_Goce_Delcev_5

По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Владата на Република Северна Македонија на 4 февруари 2022 година, со свои претставници ќе организира и ќе биде вклучена во неколку свечени настани и одбележувања.

— реклама —

Во 10:00 часот, Владата ќе има своја делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски на положувањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, активност на која се вклучени повеќе државни институции.

Подоцна, во 10:30 часот, владина делегација составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, а во 11:00 часот на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје.

— реклама —

Во 12:00 часот, во Музејот на македонската борба, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организирана од Државниот архив на Северна Македонија и под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.

Во рамките на овие одбележувања, утре во 13:00 часот, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Република Бугарија.

Владата на Северна Македонија го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања