Точи ги налути матичните обвинувајќи ги дека не побарале ништо за пациентите – во коментари исмејување, но и поддршка


Матичните доктори се згрозија по коментарот на Менче Точи, раководител на одделение во Фонд за здравство и ексновинар, по јавно објавен на социјалната мрежа „Фејсбук“. Реакциите дојдоа откако таа праша дали докторите си разговарале само за своите интереси кај министерот за здравство или и за листата на лекови кои се даваат на рецепта.
„Да прашам дали денес на средбата со заменик министерот, матичните лекари, членови на ЗПРЛМ, побараа барем една работа за пациентите- да се ревидира позитивната листа на лекови, која повеќе од деценија не е обновена, да се исфрлат застарените и во неа да се внесат нови лекови. Оти луѓето се истурија од пари давање за лекови. Или само за сопствените интереси разговараа?“, напиша Точи.
Под објавата има коментари и на адвокатот Јанаки Митровски кој напиша: „Ова е недозволиво, за твојот коментар се однесува“. Драган Пешевски, истотака адвокат додаде: „ja мислам при евентуален протест на адвокатите да бараме поголеми права на странките.
Меѓу коментарот имаше и такви кои ја поддржаа Точи па пишаа: „Како и досега само за сопствените интереси. За овие две години дури трае пандемијата совршено добро го видовме лицето на докторите пред се од примарното здравство и нивната (не)грижа за пациентите“.
Други, исмејувачки и напишале: „И за знамето требаше да преговараат, не е сменето скоро 30 години!“.
Има и такви кои ја потсетуваат Точи дека сега не е новинарка, туку вработена во институција која треба да води грижа за лековите кои се продаваат со рецепта: „Па нормално дека за своите интереси, за што се штрајкува обично, за некој друг? Зошто е нивна обврска листата на лекови да ја ревидираат? Зошто постои Министерството и онолкав ФЗО? Откако стана портпарол почна политика да тераш?“.
