„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

ЕУ: Сега парламентот да ги почне следните чекори за спроведување на спогодбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

— реклама —

— реклама —

На 30 септември граѓаните на Поранешната Југословенска Република Македонија имаа можност да гласаат за иднината на својата земја. Во мирно и демократско гласање, мнозинството од оние што го остварија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за својот европски пат, се вели во заедничкото соопштение на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан за консултативниот референдум во Република Македонија.

Парламентот сега ќе биде повикан да ги почне следните чекори за спроведување на спогодбата за името одлучувајќи да ги усвои уставните измени.

Ова е историска можност не само за помирување во регионот, туку и за решително поместување на земјата напред на патот кон Европската Унија. Сега сите политички и институционални актери треба да дејствуваат во рамките на своите уставни надлежности надвор од партиските политички линии. Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата, нејзините институции и сите нејзини граѓани, пишува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања