Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Дали стоковите резерви се полни, зошто Владата не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените, прашува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
rusija-kje-stane-svetski-lider-vo-izvozot-na-pchenica-960x720-1

Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?!, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите од светските берзи цената на пченицата во последните неколку дена е порасната за 24%, и цените се очекува да растат, а од домашната мелничка индустрија велат дека имаат залихи на брашно и пченица за 30 до 45 дена. Единствен начин да се спречи ценовен шок од големи размери, да се запазат цените и стандардот на граѓаните е државата да интервенира на пазарот преку пуштање во употреба стоковите резерви на пченица со што од мелничката индустрија нема да имаат потреба да купуваат скапа пченица од надвор.

— реклама —

Доколку стоковите резерви се полни, тие ги задоволуваат потребите и за над 120 дена од просечната годишна потрошувачка.

— реклама —

Доколку стоковите резерви се полни власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети, и што чекаа додека сите земји купуваа залихи?

— реклама —

Доколку стоковите резерви не се полни, владата треба да сноси одговорност што ја оставила државата во овие тешки моменти без потребните и неопходни ресурси“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања