„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Власта да се зафати со враќање на довербата во избирачкиот список, порача ОБСЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Владата и администрацијата сериозно да се зафатат со решавање на прашањето околу избирачкиот список и враќање на довербата во него, порачаа од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

— реклама —

Ова е една од препораките на мисијата по спроведениот референдум, од каде потенцираат дека и покрај празнините во законската рамка, темелните слободи биле почитувани во непристрасно администрираниот референдум.

— реклама —

„Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес, иако непостоењето на официјална кампања ‘против’ значеше дека гледиштата на кампањата ‘за’ доминираа, медиумите обезбедија опсежни информации и широк спектар на мислења“, рече амбасадорот Јан Петерсен, шеф на мисијата на ОДИХР за набљудување на референдумот.

ДИК го администрираше референдумот непристрасно и одржуваше ефикасни состаноци, но недостигаше суштествена дебата за клучни прашања, велат меѓународните претставници и додаваат дека иако властите вложиле извесни напори да обезбедат јавни информации во врска со договорот, неговата содржина била недоволно објаснета.

„Доколку ги почитуваме оние кои одбраа да не гласаат, мораме да ги почитуваме и оние над половина милион граѓани кои сериозно го сфатија референдумот и одлучија да го дадат својот глас за иднината на земјата. За во иднина, се надеваме дека прашањето на точноста на избирачките списоци ќе биде најпосле решено. Сигурни сме дека ќе дојдат наредни избори, а треба да се има доверба во избирачкиот список“, рече Штефан Шенах, шеф на делегацијата на парламентарното собрание на Советот на Европа.

Меѓународните претставници во однос на цензусот посочија дека во различни држави има различни примери дали воопшто треба да постои праг на излезност кога станува збор за консултативен референдум. Кај консултативниот референдум политиката ги прашува граѓаните, но на крајот одлучуваат политичарите за разлика од обврзувачкиот референдум, додаде Шенах.

ОБСЕ/ОДИХР генерално оцени дека референдумскиот процес минал во мирна атмосфера, без поголеми инциденти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања