Македонија

ФОТО: Смачкан “пасат” на влез од Охрид, удрил во бетонска препрека

Сообраќајка денес се случи на патот Кичево-Охрид.

Автомобил со кичевски регистарски ознаки марка „Фолксваген Пасат“ удри во парче цементо. Предниот дел од автомобилот e целосно искршен.

Очевидци велат дека веројатно сообраќајката настанала откако возачот возел со поголема брзина од пропишаната, не ја видел острата кривина и удрил во бетонската препрека која го двои направениот од ненаправениот дел од автопатот.

За сега нема информации за повредени, а во моментов е пристигната полиција која врши увид на местото на настанот.

На овој дел од патот често има сообраќајни несреќи, а последната беше со смртен исход.

На почеток