Коментари

„Очигледно имаат солени плати или злато од бабите“, Јоци за патувањето на Тупанчески, Фетаи и Нанев

Јорданка Ивановска-Јоци, политиколог, го искоментира однесувањето на министерот за правда, Никола Тупанчески, вишата обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основен суд – Кавадарци д-р Лазар Нанев.

„Министер за правда, обвинителка и судија во ВИП ложа на стадион во Палермо, беа насловите во медиуми. Малку им било обично седиште… Си гледаа луѓето фудбал. Сами си платиле. Ич не се сомневам, на таа пара… Очито имаат врло веома ,,солени” плати или злато од бабите чим може да си дозволат шетање за фудбал до Палермо, ВИП ложа, хотел, авионски трошоци – во работен ден. Овој ,,викенд” во работен ден за нашиве, без 2.000 јура – сигурно не е! Без картата за ложата. Истиот работен ден кога амбасадорката Брнз работеше и ни обелодени дека само 8 отсто имаат доверба во професиите во ложата т.е системот не ни функционира. Изгледа само Брнз работи во државава, другиве се ,,возат” врз нејзин грб“, напиша Ивановска-Јоци.

На почеток