Поевтинува нафтата, РКЕ со нови цени за горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48% во однос на одлуката од 28.03.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.
Од 1.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 85,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,322% или за 25,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,722% или за 45,350 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 4,506 % или за 51,550 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,553% или за 18,650 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0709 ден/$ и е за околу 0,031 % повисок од курсот на доларот (56,0533 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
