„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, вели Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за емисијата „360“ за ТВ Алсат-М, истакна дека пописот е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција, и државата го спроведе со цел да ги имплементира своите економски и развојни политики врз основа на бројки.

— реклама —

„Јас имам работено 22 години во реалниот сектор и секогаш кога се прави деловен план за почетокот на следната година се земаат податоци за резидентното население во државата. Податоците од официјалниот последен попис за население даваа погрешни инпути во старт во деловното планирање и во други планирања во општествени сфери, и тоа едноставно повеќе не беше одржливо“, нагласи премиерот Ковачевски.

Ковачевски додаде дека што се однесува до етничката застапеност намалувањето на бројот на населението и тоа намалување е исто распределено кај сите етнички заедници, и дека тоа е заедничко за сите земји од Балканот.

— реклама —

„Затоа овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата“, рече Ковачевски во емисијата „360“.

Пописот е спроведен врз основа на методологија која што е одобрена од страна на „Евростат“ и со присуство на експерти од ЕУ со користење на најсовремена техника и плус се работи за комбиниран модел на попис при што се користени 9 бази на податоци од најразлични институции од државата со цел да се добијат вкрстени податоци.

Сега кога се објавија податоците, посочи премиерот Ковачевски, пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, и додаде дека освен што пописот се спроведе во услови на ковид, тој се соочи со активен и скриен бојкот од опозицијата, односно од Левица и ВМРО – ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања