Македонија

Единствена Македонија: Заев со покачени министерски плати и нова армија заменици-директори со просечна плата од 500 евра

„На прашањето на новинарите по преземањето на премиерската функција во 2017 кога очекува да се оствари ветувањето за просечна плата од 500 евра, новиот премиер Зоран Заев изјави дека тоа ќе се исполни некаде на средината во 2019 година.

И навистина, земајќи ги предвид последните две владини одлуки, во 2019 година со ефтини трикови и врз грбот на даночните обврзници Македонија ќе добие просечна плата од 500 евра

Со последната владина одлука платите од околу 80.000 денари на Заев и неговите министри да се покачат за уште 8.000 денари и владината одлука секое јавно претпријатите да добие заменик директор со што ќе следи нова армија од заменици-директори со функционерски плати од околу 1.000 евра, Зоран Заев се доближува до просечната плата од 500 евра земајќи предвид дека во Македонија просечната плата изнесува 377 евра или 23.196 денари.

Зоран Заев на најподмолен начин ја вулгаризира она народната дека народот и работниците ќе јадат зелка, функционерите ќе јадам месо, а сите заедно во просек ќе јадат сарма.

Односно, работниците со просечна плата од околу 15.000 денари, армијата функционери со просечна плата околу 60.000 денари, а сите збирно ќе имаат просечна плата од 500 евра.

Лагите на марионетската власт на Зоран Заев немаат крај. Македонија не се прави просперитетна со маркетиншки трикови.

Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија е одоговорност за грабежот на народни пари, а украденото од позиција на власт ќе биде конфискувано од сите криминалци во изминатите 27 години. Само тогаш Македонија ќе биде држава каква што ја сакаат македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија“, велат од Единствена Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток