🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Исписите СОНК убијци, следат по заплашувањата, притисоците и заканите на власта кон наставниците, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
278563439_330568779064338_2634494474452245586_n

Вандализираната градинка на која некој напишал СОНК убијци уследи веднаш после притисоците, заканите и заплашувањата на власта кон вработените во образованието кои штрајкуваат за повисоки плати, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Тоа е срамно и бедно и е за секаква осуда.

Вработените во образованието не само што имаат уставно загарантирано право на штрајк, туку имаат и полн легитимитет да бараат повисоки плати согласно колективниот договор.

— реклама —

Стандардот на граѓаните е во слободен пад. Само во март месец инфлацијата изнесува 8,8%, а во рок од една година сите основни трошоци за живот се поскапени од 30 до 110%.

Власта наместо да прави притисоци и да се заканува, треба на просветните работници да им одговори како може да дава 1 милион евра за криминални физибилити студии, 2,5 милиони евра за службени возила, 2 милиони евра за кафиња, цвеќиња, жардињери и хотелски услуги, а нема да им ги покачи платите кои се едвај повисоки од минималната плата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања