„Скопје, новиот Ерусалим, еден крст за секое семејство“, реакции по поставувањето на темелите за новиот крст во Драчево
Вчера се поставија темелите на новиот крст во Драчево во Паркот на бранителите. Крстот ќе биде висок 63,5 метри и ќе наликува на оној кој беше поставен пред неколку години во Ново Лисиче.
Крстот е донација од Светскиот македонски конгрес, а на настанот присуствуваше и претседателот Тодор Петров. Темелите ги освети господин господин Стефан во сослужение со повеќе попови.
На ова реагираа граѓаните кои велат дека немаат основна инфраструктура, потребно е да се реконструираат улиците во општината, да се направат паркинзи како и градинки за децата.
Зошто само Драчево крст од 63 метри? Зошто пример кај школка во парк не изградат еден од 163 метри?
— Сплинтер (@goli_otok) April 17, 2022
Зеќири апсана, цариник примал мито (😱), ограбена полицијата, директор на финансиска во бегство, пожари сами од себе избиват, но крст од 100 метра.
Фиром во својот зенит.— Џеси Пинкман (@maxdestructionn) April 17, 2022
Во Драчево ќе се гради крст од 63 метри. На врвот ќе има градинка, велат надлежните.
— Билгејцови (@NikolasTweet) April 17, 2022
Сметам дека крстот во Драчево мора да биде повисок од 90 метри за да може да се гледа и од Радишани.#Апел #Православие
— K-Real (@1KRealDeal) April 17, 2022
Чак и да се донирани пари,чуму 63-метарски крст бе луѓе?
Со тие пари кизнај колку сиромашни фамилии ќе се наранат.
— Бапчо (@TheFitzzz) April 17, 2022
Зашто магнетна или мамограф у секоја општина и здравствена институција кога може мочан крст или посрана џамија? Нели?
— Лутенет Драгуљче🇲🇰🇺🇦 (@SieMiGaDjuro) April 17, 2022
Данела им вети дека од Драчево до Расадник ќе се стига за "не повеќе ни помалку од 5 минути" и дека имала начин како тоа да го изведе и сеа им ставаат крст за да се молат Господ да им помогне во наоѓање на начинот
— 100Marki (@100deutschemark) April 17, 2022
А замислете да се градеше катна гаража во Расадник наместо крст во Драчево. Замислете.
— Filipco (@Filipco) April 17, 2022
Со бесплатен јавен превоз одиш у Драчево на атрактивнот крст, па после тоа у Аеродром да го ѕирниш хотелот за пчели … лето 2022
— Татнеж (@BujnaVegetacija) April 17, 2022
Еден крст за секое семејство!!!
— Roma (@Roma92377181) April 17, 2022
Основа инфраструктура немаме, мал дожд и пола населба плива во вода, али битно крст ќе има 👌
— T (@mladjireferen_) April 17, 2022
Наместо фекалии, вино ќе потече.
— 100Le (@baljumbaljum) April 17, 2022
Не улица, не канализација, не осветлување, не градинка, не сала, не школо, не амбуланта, не спортски терен, не…..
Крст!
Да Орце, сигурен сум дека ќе доаѓаат туристи, ама за да гледаат народ на кој крст му е помил и по потребен од се погоре наброено. pic.twitter.com/in78ravniT— Чак на Ориз (@ChakNaOriz) April 16, 2022
Што поголем крст тоа поголеми верници
— BugiBugi (@blazevski_mk) April 16, 2022