Минатата недела 806 нови случаи на ковид
Тестирани се вкупно 12.663 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 12,3% во однос на минатата недела (n=14.447). Регистрирани сe 806 нови позитивни случаи од 27 градови во државата, со намалување од 26,9% во однос на минатата недела (n=1.103). Процентот на позитивност се движи од 2,7% до 8,3%, просечно 5,9%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=449; 55,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=268; 33,3%). Најмал број е регистриран кај возрасната група
од 0-9 години (n=21; 2,6%).
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи, а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 0-9 (53,3%).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 25,9% помалку во споредба со минатата недела (n=1.496).
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 130 реинфекции, со намалување од 24,9% во однос на претходната недела (n=173).
Пријавени се 2 смртни случаи во 2 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (11-17.04.2022), за 81,8% помалку во однос на претходната недела (n=11). Случаите се од Скопје и Демир Хисар. Во однос на возраста, двата регистрирани случаи се на возраст над 60 години.
Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ на РСМ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P за детекција на SARS CoV-2 кај 33 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите. Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 11-16.04.2022 година, од следните градови: Скопје, Кавадарци, Велес и Гевгелија. Во 3 (9,1%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 подваријантата на Омикрон. Кај 30 (90,9%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 подваријантата на Омикрон.