Магазин

Петар Грашо: „Бев диџеј на мојата свадба!“

Пејачот Петар Грашо неодамна се ожени со Хана Хуљиќ, ќерката на неговиот пријател и долгогодишен соработник на Тончи Хуљиќ.

Музичарот истакна дека венчавката поминала токму онака како што замислиле, а пред црквата им пречеле само бројни новинари.

– Се беше како што сакавме јас и Хана. Мал круг на луѓе, само околу 50 пријатели. Единствено што не замислувавме беа 250 новинари пред црквата. Моравме да се качиме во комбе. Имавме романтична визија дека шетајќи низ тесните улички, држејќи се за рака, ќе стигнеме до црквата. Навистина личеше на папарацо дружење – вели Петар Грашо.

Грашо истакна дека на крајно едноставен начин направиле забава и дека на неговата свадба бил диџеј.

– Тоа беше забава како што гледам дека луѓето треба да се забавуваат на свадби. Ништо не криевме, само сакавме да биде целосно далматинско. Некој сака 600 луѓе и 50 музика, а ние сакавме 50 пријатели. Бев дури и свој диџеј – изјави пејачот за Блиц.

На почеток