„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Два силни потреси за 15 минути во Индонезија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Во силниот земјотрес и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси животот го изгубиија најмалку 1234 луѓе.

— реклама —

Најновиот биланс денес го соопшти портпаролот на националната агенција за катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо. Нугрохо изјавил дека 799 луѓе се тешко повредени, а се очекува бројот на жртвите се уште да се зголемува.

— реклама —

Во утринските часови два земјотреса се регистрирани во близина на источниот индонезиски остров Сумба, но не постои опасност од цунами. Америчкиот геолошки институт објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 5,9 степени според Рихтер, а вториот по 15 минути, со јачина од 6 степени.

Според државната новинска агенција Антара досега само еден мост е оштетен и нема извештај за друга причинета материјална штета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања