Магазин

По 45 години се распаѓа „Прљаво казалиште“

Хрватската рок-група „Прљаво казалиште“ се распаѓа по 45 години постоење, пишува „Јутарњи лист“. Главната причина за распадот се несогласувањата меѓу основачите, пејачот Јасенко Хоура и тапанарот Тихомир Филеш.

Наводно, тие не се во добри односи и веќе не разговараат, а хрватските медиуми пишуваат и дека се тужат меѓу себе. Проблемите настанале кога Хоура почнал да работи на самостојни проекти под името „Прљаво казалиште“, а Филеш наводно решил да ги забрани и го тужел.

Култната група настанала во 1977 година. Првично, тие настапувале како „Џифершлус“ и во тоа време во групата свиреле Даворин Боговиќ, Зоран Цветковиќ, Нинослав Храстек и Тихомир Филеш. Откако им се придружил Јасенко Хоура, го смениле името во „Прљаво казалиште“, а за името на групата се инспирирале од една епизода од стрипот „Алан Форд“. Во 1985 година, Младен Бодалец ѝ се придружил на групата и го зазел местото на Даворин Боговиќ и бендот функционира во истиот состав до денес.

На почеток