Се надминува расколот, Српската црква треба да донесе историска одлука за Македонската црква
Соборот на СПЦ треба официјално да ја потврди одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј за признавање на автономната Охридска архиепископија наместо досега непризнатата Македонската Православна Црква (МПЦ), пишува српски „Курир“.
Во текстот се вели и дека на почетокот на мај, архиепископот Стефан и српскиот патријарх практично го договориле овој чин, но Вартоломеј побрзал да го објави признавањето за како што стои во текстот да ги преземе заслугите.
– Српската црква ќе го признае единството со сегашните расколници во Северна Македонија во рамките на Охридската архиепископија. Сакаше да го направи тоа сама, но беше спречена од вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој сакаше да прикаже дека оваа одлука за канонско признавање на свештенството на поранешната расколничка црква во Северна Македонија е донесена исклучиво благодарение на него. И точно е дека хиерархијата на СПЦ, на чело со патријархот Порфириј, била подготвена да договори црковна заедница со расколниците, за што директно и индиректно се зборувало во неколку наврати во претходниот период, па дури и на почетокот на мај, кога во Ниш се сретнаа – патријархот Порфириј и
архиепископот Стефан придружувани од архиереите на двете цркви“ – цитира „Курир“ неименуван извор од СПЦ.
Според информациите на медиумот по ваквата одлука архиепископот на ПОА, Јован, ќе се пензионира и поради тешката здравствена состојба, за што придонесе долгогодишниот прогон од страна на македонските власти, вклучително и повеќегодишните затворски казни, вели изворот на „Курир“.