Македонија

„Македонија-Блокира“ денес на протест пред домот на пратеничката Емилија Александрова

Од Македонија – Блокира информираат дека денес ќе одржат собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова, бидејќи како што велат не треба да гласа за уставните измени.

„„Македонија – Блокира„ денес,ќе одржи собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова која е една од 8-те пребегани и уценети пратеници. На протестот ќе и биде предадено писмо на пратеничката Александрова зошто не треба да гласа за уставните измени. Собирно место е пред Собранието на Република Македонија во 18:30 часот  кога ќе тргне поворката кон домот на пратеничката“, велат од „Македонија Блокира“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток