„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

(ВИДЕО) Патриотски концерт на „Меморија“, жива е Македонија!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
8809ABA0-0E6D-45E7-B2FB-45FC6B0DC9C8_1_102_o

Тричасовна лекција по патриотизам и како се сака Македонија одржаа „Меморија“ на вчерашниот концерт во арената Борис Трајковски. Помош добија и од Некст Тајм, како и дел од групата „Морал“, но и бројни нивни колеги. Не постоеше песна која публиката не ја пееше заедно со Апостол Поце Икономов, а потоа и со Ристо Самарџиев кој кажа дека пет години и два часа го чекал тој момент да застане на бината и одново запее.

— реклама —

eDOTLHuMhRo
— реклама —

 

Најшеговит сакаше и успеа да биде Перо Камиказа чија „должност“ беше да ја анимира и публиката додека технички се решаваа случајни проблеми. Тој на стартот од концертот им рече на присутните: „Ви благодарам што сте во толкав број, изгледа не отидовте на Цеца (која имаше концерт во Пробиштип) и Рибља чорба“.

/50f067b9-1248-438b-b58b-208efa8138db_1_102_o" rel="attachment wp-att-185751">

Ја почнаа вечерта со легендарната „Македонија“ од Дадо Топиќ. Иако не беше Нова година, преку истоимената песна порачаа сосе публиката: „Името не го даваме!“.

Од групата не ги заборавија ниту нивните колеги кои повеќе не се меѓу нас. Со „Јесен у мени“ му одаддоа почит на Аки Рахимовски. А заедно со дел од групата „Морал“ го поздравија и Влатко Илиевски.

 

„Чао мајсторе, ако не слуша, поздрав до Аки“, рекоа од групата и ја започнаа легендарната „Кога патувам“ посветена на Влатко Илиевски, а испеана од Ристо Самарџиев.

Не се испушти можноста ниту да се испрати поздрав до Еди Рама кој Македонија ја нарече „идна западна Бугарија“. Камиказа гласно извика среде бројните македонски песни: „Нека цркне оној што рече дека сме north (северна) Бугарија“.

Незаборавната вечер беше заокружена со бис, каде одново се пееше заедно со публиката „Оган под ѕвездите“, за на крајот концертот да се заврши со „Никогаш северна само Македонија“.

Концертот беше преплавен со македонски знамиња и публика од 7 до 77 години.

/dc96337b-8285-430b-b051-28b288d0dab5_1_102_o" rel="attachment wp-att-185753">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања