„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Подгответе се за нов температурен шок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Продорот од југ кој што го најавивме во текот на следниот период ќе услови да имаме натпросечно високи температури кој ќе бидат релативно летни и во текот на следните денови максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени, вели во временската анализа метеорологот Славчо Поповски.

— реклама —

Времето ќе биде сончево со умерена облачност додека локално ќе има и позначителна облачност а има услови и за слаб локален дожд, ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

За време на викендот и тоа особено во недела како и на почетокот од следната недела ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со дожд и грмежи.

— реклама —

Со овој топол продор од југ и понатаму ќе продолжи летото во октомври, исто така и најновите анализи укажуваат на тоа дека првата половина на овој месец ќе биде релативно летна и доста топла со релативно натпросечно високи температури за овој дел од годината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања