Македонија

Навечер протестира против бугаризација, а преку ден ми поднесува судски пријави за мојата борба против бугаризацијата, вели Бачев

Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска навечер учествува на протестот против бугаризација, а преку ден му поднесува пријави за неговата борба против бугаризација.

„Ова е ептен шашаво. Весна Бендевска пратеничка од СДСМ во три мандати а во моментот функционерка на СДСМ во Комисијата за заштита од дискриминација, синоќа учествуваше на протестот на опозицијата против владата што ја предводи нејзината партија.

Значи, Весна навечер протестира против БУГАРИЗАЦИЈАТА, а Бендевска преку ден во Комисијата ми поднесува судски пријави за мојата борба против БУГАРИЗАЦИЈАТА.

За овие два поста (слика 2 и 3) во моментот од Весна/Комисијата имам пријава во суд дека сум ги дискриминирал македонските бугари. Ќе ја предложам за сведок да видиме кој ја зборува вистината, Весна или Бендевска“, вели Бачев

На почеток