Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Единствена Македонија: Сега кога марионетата Заев призна дека брише се што е македонско, што ќе прави македонскиот народ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со вчерашното интервју за грчкиот „Ефимерида тон синдактон“, марионетата Зоран Заев целосно ги отвори картите дека со договорот со Преспа се раѓа нова нација во новата држава Република Северна Македонија и дека се признава грчкиот карактер на Македонија во регионот, велат од Единствена Македонија.

— реклама —

„Со ваквите изјави за бришење на Македонците од светската мапа на нации, марионетата Зоран Заев требало да го разубеди лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис да гласа во грчкиот парламент за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Како и да е, маските паднаа. Зоран Заев цело време ја лаже и манипулира македонската јавност дека со договорот од Преспа е заштитен македонскиот јазик и идентитет а во вчерашното интервју за грчки медиум самиот Заев сето тоа го демантира поклонувајќи ја на Грција македонска историја, наследство и култура во регионот.

— реклама —

Сега кога самиот Заев на отворена сцена го брише светото македонско име, идентитетот, историјата и традиција на македонскиот народ, што ќе прави македонскиот народ“, велат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања