Осуден за „Монструм“ до Русковска: Од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете и да кукате
Фејзи Азири, првостепено осуден за случајот „Монструм„ од затворот Идризово испрати отворено писмо до Русковска.
Писмото Ви го пренесуваме во целост
Пардон, госпоѓо Русковска, многу добро сте ги посочиле законите, правилата и прописите на правната држава, но, сте заборавиле да ја спомнете и (не)довербата кон институцијата која ја раководите и во која работите целиот ваш работен век. Граѓаните (народот) во оваа држава кои Ве финансисраат преку буџетот, 92% од нив немат доверба во правосудниот систем и сметаат дека е нај корумпирана институција во Република Северна Македонија.
По овој факт нема што да барате од граѓаните и народот да ја оценува вашата работа.
“Обвинителке” Русковска, од кога Ви заигра Мечка во Вашиот двор, почнавте да плачете, да кукате, да ги повикувате сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите мегународни институции, амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, еднаш за секогаш да ги проверат сите факти и да се расчисти конечно – кој во оваа држава се бори против криминалот а кој го прави криминалот.
Исто така, ја замолувате Европската обвинителка г. Лаура Кодрута Ковеси, да дојде и да ги провери сите предмети на ЈО за ГОКК, како тоа функционира и работи ?!
Добро бе “Обвинителке” Русковска, ако сте толку праведна, чесна, чиста, некорумпирана и патриотка како што велите, а и потекнувате од патриотска фамилија, зошто тогаш не сте го истражиле и предметот “Монструм” кога бевте повикана јавно од судница (одрзана на ден 23-02-2021 година) од мене Фезји Азири, како обвинет и првостепено осуден во тој случај?!
Ве спомнав директно вас обвинителке Русковска да ме посетите во затворот во Скопје за да пријавам кои се вистнските сторители, со име и презиме за 5 кратното убиство кај Смилковското Езеро – Скопје?
По тој Јавен повик Вие имавте законска должност да постапувате по таква пријава, имаше јавен повик и преку медиумите кои беше следен од домашната јавност и од меѓународната заедница, а сега “Обвинителке“ самата ги повикувате и барате токму од таа меѓународна заедница Вам да Ви помогнат!
Нели “Обвинителке” ова е малку чудно?!
Ова е класичен пример од каде произлегува поговорката: “село гори, Баба се чешла”?!
Во тој случај, кога Вие не ја вршевте вашата службена должност, јас бев приморан писмено да се обратам до домашната јавност, домашните инстутици, медиуми и до мегународната заедница со изјава од 20-тина страници, кои се нарачателите на 5 кратното убиство, кои се организаторите, кои се убијците, кои се помагачите на тој грозоморен чин. Јас бев приморан јавно да ја објавам писмената Изјава и да ја пратам до медиумите, до Министерство за Правда, до Претседателот на СР Македонија, до Амбасадата на САД, до Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ, за да побарам меѓународна Истрага за така наречениот случај “Монструм” за да се утврди вистината за овој монтиран политички, полициски, обвинителски и – судски процес кој трае веке 11 години а кого самите монструми го кодирале како случај “Монструм”!
“Обвинителке” ве прашувам:
– дали и тогаш ви се вршело притсок, влијаније или пак од националистички побуди не постапивте по мојот јавен повик, не ја вршевте законската обврска – службената должност туку ја злоупотребивте службената положба и овластување.
“Обвинителке” Русковска, кога бевте прашана од медиумите како го коментирате јавниот повик од страната на обвинетиот Фејзи Азири да го посетите во затвор во Скопје, за да ви ги даде имињата и доказите на 5 кратното убиство за случајот “Монструм”, кој побарал мегјународна Истрага за да се утврди вистината, Вие “Обвинителке” во тоа време изјавивте:
– “ Нема потреба од меѓународна истрага затоа што обвинтелите добро ја завршиле работата и затоа што меѓународната заедница не може да се меша во националната правна држава и правосудните органи, просто недозволиво е”!
“Обвинителке” Русковска, јавно ве прашувам, кога бевте во право, тогаш или сега кога ви гори под нозе па барате меѓународна помош од амбасадите на САД, Канцеларијата на ЕУ и Европската обвинителка г-га Лаура Кодрута Ковеси?
“Обвинителке”, јас Фејзи Азири, се обратив до јавноста и побарав од институциите на државата и од меѓународната заедница, Американската Амбасада во Скопје, Канцеларијата на ЕУ и ОБСЕ во Скопје да извршат увид во досието за случајот “Монструм” и да дадат проценка на работењето на истражителите, ЈО и СЈО, како е водена Истрагата, дали имало намерни пропусити и дали има пренасочување на вината кон други лица, со умисла да се скријат вистинските сторители. Ова намерно пренасочување многу ни наштети на нас обвинетите, ни го извалка лицето и честа на сите, на мене како личност и на мојата фамилија од страна на валканите и корумпираните правосудни органи! Поради овие злоупотреби на службените положби укажуваше и меѓународната заедница, дека во Македонија нема правна држава.
Дека Правосудниот систем е корумпиран се докажа со факти и дела поради што беше разрешен Државниот Обвинител Марко Зврлевски, бесе разрешена и Специјалната Обвинителка Катица Јанева која е и осудена со правосилна пресуда за корупција а вие “Обвинителке” ги браневте овие органи дека ЈО и СЈО успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај.
“Обвинителке”, сега барате помош од меѓународната заедница како Државен Обвинител за организиран криминал и корупција за да не ви води никој Истрага, како сте работеле, дали има пропусти во Вашето работење, намерни или ненамерни, дали има корупција и дали влијаел некој од власта за одредени предмети како што ги има многу во текот на вашето работење, за кои предмети јавноста и меѓународната заедница многу добро се запознати а пак вие барате помош од нив како не би се валкало вашето лице.
Впрочем која е вистината?!
Дали за оваа побарана помош, фактички сакате да ја попречите истрагата и дали сакате да се скриете зад меѓународата зедница, демек одредени лица од власта Ви вршеле и ви вршат притисок за одредени предмети и водење Истрага за нив зашто лично сметам дека веќе е доцна од кога е отворен предмет за вашето работење каде велите дека власта ви врши притисок за одредени предмети?!
За крај да се вратиме уште еднаш кај ЈО и СЈО, кои според вас “успешно ја воделе Истрагата за случајот “Монструм” и нема потреба меѓународната заедница да врши увид во предметот за овој случај”. Бидејки вие сметате дека Обвинението е валидна и законита а и пресудите се донесени наводно врз основа на тие факти, сведочења и докази, јас како обвинет и лаик би ве запрашал:
– Според Вас, кое Обвинение и Пресуда е точна и законита, првата, средната или последната?!