Коментари

Граѓаните револтирани: „Пробајте со Струшки пливачки маратон, сметката на Мерко никад не е блокирана“

Традиционалниот Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, информираа денеска од кабинетот на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, откако тој се сретна со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.

Од кабинетот на претседателот соопштија дека маратонот, кој е под покровителство на претседателот нема да се одржи поради причини поврзани со блокираната сметка на Националната пливачка федерација и, како што велат, финансиското работење на претходното раководство.

Граѓаните се револтирани бидејќи пред една недела државата даде 70.000 евра за организирање на фестивал на плоштадот „Скендербег“ во Скопје со кој се одбележа 21-годишнината од склучувањето на Охридскиот рамковен договор. Тие велат дека доколку се преименува во „Охридски рамковен маратон“ можеби ќе има пари за негово одржување.

На почеток