„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Димитар Ковачевски не само што е дезертер, туку е и лажов. Тоа се докажа со неговите контрадикторни изјави во кои еднаш вели дека воениот рок не го служал заради школувањето, а вторпат дека имал последователни хируршки зафати. Кога лажеше Ковачевски, тогаш или сега или и тогаш и сега, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„На лагата и се кратки нозете, а дезертерот КОвачевски е најдобар доказ за тоа.

Еден факт е непобитен, а тоа е дека Ковачевски избегнал служење на воениот рок во 2001 година со медицинска белешка дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН.

— реклама —

Трајно неспособниот Ковачевски не можел да отслужи воен рок, ама прв е да се нареди за вршење на функција. Додека илјадници семејства ги испраќаа своите браѓа, сопрузи, татковци на воена линија, Ковачевски како татино синче трчкал медицински потврди само и само да не служи војска. И веројатно играјќи на најсигурната варијанта станал ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН со тапија.

Епа Ковачевски џабе бегаш, џабе манипулираш. Ова не е и не смее да биде тајна, бидејќи ако еден премиер не одговорил на обврските кон државата тогаш тој не е достоен за функцијата. Ако имаш грам доблест поднеси си оставка дезертеру“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања