Магазин

Туристите разочарани: „Миланo е полнo со Кинези, Атина запоставена, а Дубровник…“

Еден од најдобрите начини да ги избегнете туристичките стапици кога патувате е да читате книги или форуми каде патниците споделуваат совети, фотографии и искуства, а токму на Reddit можете да најдете дискусии за најизненадувачките европски градови, без разлика дали се пријатни или непријатни.

На пример, корисниците на Редит забележуваат дека Пловдив во Бугарија е неправедно запоставен и дека е многу подобро да се оди таму отколку Софија.

На листата на градови кои беа непријатно изненадување се најде Дубровник, пред се поради гужвата и премалку места за поминување време, како и Цирих поради недостапните луѓе. Членовите на форумот се советуваат да го посетат Дубровник напролет, кога нема гужви, цените се поповолни, а времето е топло.

„Можете да најдете многу интересни места во Атина, но таа е во голема мера запоставена, а Ливерпул ми е сив и депресивен“, пишува еден од корисниците.

Тој ја препорачува Виена, „најчистиот град што некогаш го посетил“, потоа Венеција, без разлика на туристите, но никого не би советувал да го посети Закопане во Полска.

„Во Милано бев изненаден од големата кинеска заедница, како и од најстариот кинески кварт во Европа, каде јадев вкусна кинеска храна“, пишува турист од Германија. Други членови на форумот рекоа дека кинескиот кварт во Милано нуди одлични места за јадење, како што е Равиолерија Сарпи.

“Неапол ме изненади позитивно. Иако е хаотичен и валкан, а сообраќајот е кошмар, мислам дека е посебен, има многу кул атмосфера и посебна убавина. Негативно изненадување беше Брисел. Со оглед на тоа што неофицијално е главен град на Европа, срамота е некои делови од градот да се запуштени и грди“, вели корисник на Редит од Германија, кој ја пофалил и Варшава, каде што живеел една година како студент. Тој беше изненаден од чистотата на улиците, како и од интересната мешавина на историја и модерни карактеристики.

На почеток