Македонија

Државотворните одлуки на Ковачевски носат придобивки, 80 милиони евра помош од ЕУ, вели СДСМ

Државотворните одлуки претседателот Димитар Ковњчевски носат придобвки за граѓаните и граѓаните, како и стопанството тие придобивки директно ги чувствуваат, вели СДСМ

„Партнерскиот, сојузнички однос со ЕУ резултира со силна финансиска поддршка за справување со енергетската криза.

Првата транша е во износ од 80 милиони евра, средства што државата ќе ги подигне на почетокот на следната година.

Дополнително, Северна Македонија ќе биде вклучена во зедничката набавка на гас и енергенси на ниво на Европската унија, што е исклучително важно во време на глобална енергетска криза.

Владата предвидена од СДСМ и Ковачевски направи историски исчекор и по 17 години чекање, обезбеди преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет, што се потврди и со потпишувањето на договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик без фусноти.

СДСМ и Ковачевски со своите државотворни политики ја обезбедуваат сигурната европска иднина на државата“, се вели во соопштнието.

На почеток