🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Шакира и Пике постигнаа договор: Преговорите траеа 12 часа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
shakira-i-pike-585x364-1

Познатата пејачка Шакира и фудбалерот Жерар Пике потпишаа договор за старателство на нивните две деца во Барселона, со што ставија крај на нивната 11-годишна врска.

— реклама —

Шакира и Жерар Пике постигнаа договор за старателството над синовите Милан и Саша.

„Потпишавме договор за старателство. Наша единствена цел е да им обезбедиме на нашите деца најголема безбедност и заштита, како и надеж дека ќе можат да продолжат со својот живот во безбедна и мирна средина“, се вели во заедничкото соопштение.

— реклама —

„Ние цениме дека нивната приватност ќе се почитува“, додаваат тие.

Преговорите траеја маратонски 12 часа, но конечно договорот беше постигнат.

Пејачката со синовите Милан и Саша се сели во Мајами, каде сама ќе ги одгледува, објавија шпанските медиуми.

„Направена е многу важна жртва: Жерар конечно се согласи да им дозволи на неговите деца да живеат во САД за нивната благосостојба“, рече адвокатот на Пике, Рамон Тамбореро, говорејќи во име на популарниот спортист.

„Судска одлука само ќе донесе болка. Во реалноста, овде никој не победи освен децата“, додаде тој.

Тој призна дека е многу тешко да се постигне договор и дека пет месеци се бореле и преговарале за да се направи договор од 20 страни кој ќе одговара на двете страни и дека двете страни ќе можат да го потпишат.

Дел од договорот предвидува децата да бидат со својот татко во три пати во текот на учебната година, вклучително на Денот на благодарноста, Зимскиот распуст/Божиќ и периодот март/април што се совпаѓа со велигденскиот распуст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

120746581_shakira

Шакира е најубавата жена за 2023

Магазин | пред 2 години

pike-shakira

(ВИДЕО) Шакира го исмеа Пике во новата песна

Магазин | пред 2 години

pike-barsa-3-960x599-1

(ФОТО) Жерар Пике и неговата девојка лудо се забавуваат

Магазин | пред 3 години

pike-shakira

Пике реагира на интервјуто на Шакира: Глуми жртва

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања