Левица и Апасиев го земаат Мицкоски во заложништво, вели СДСМ

Од
Објавено на

Вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава доаѓа од Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев, вели СДСМ
„Левица во својата програма се противи на евроинтеграцијата и на членство во НАТО.
И уште поголема опасност е дека Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски
Човек без став, визија и одлучност лесно може да биде земен во заложништво, што токму сега се случува со Мицкоски, кому Левица му дише во врат.
СДСМ и демократските сили нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен, поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски“, се вели во соопштението.
