Македонија

Со 1.300 амандмани блокираме поткуп на медиумите, вели Левица

Со 1.300 амандмани блокираме поткуп на медиумите, велат од партијата Левица.

Велат дека Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист.

„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите“, соопштија од партијата.

Претходно, кажаа дека премиерот Димитар Ковачевски оди по стапките на екс македонскиот премиер Никола Груевски со оваа практика. Сметаат дека целта е да го задушат јавниот простор и слободната мисла.

На почеток