„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Град Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Poster-za-cistenje-odzaci

Градот Скопје продолжува со доделување субвенции за чистење на оџаците, со цел намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

— реклама —

За таа цел Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти  на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2019 година.

Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во износ од 1.000 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

— реклама —

Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2019 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот до Градот Скопје треба да ги достави следните документи:

- Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk);

- Доказ за жителство во град Скопје: Фотокопија од лична карта или пасош;

-Фотокопија од трансакциска сметка / жиро-сметка;

- Доказ за правен субјект: Тековна состојба не постара од 6 месеци;

-Оригинал потврда за реализирано чистење на оџак, потпишана од стручното лице што го исчистило оџакот, и

- Оригинал фискална сметка од фирмата регистрирана за дејност чистење на оџаци (шифра 81.22 согласно со Националната класификација на дејности).

Барањето за искористување на правото за надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да се достави во затворен плик до Град Скопје бул. Илинден бр.82, во архивата на Град Скопје, секој работен ден од 08:30 до 15 часот.

Целта на овој проект е намалување на загаденоста на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците. Мерката има цел да постигне краткорочни и некои подолгорочни ефекти, како што се постигнување на подобро согорување, намалување на штетните отпадни гасови, појава на саѓи и трошоците за затоплување, како и подигнување на јавната свест кај граѓаните за потребата за чистење на оџаците.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018 година, кога беа доделени 269 субвенции.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања