🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Oбвинетите во „Титаник“ повторно ќе слушаат бомби во судницата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Во кривичниот суд во Скопје утрово треба да продолжи судењето за предметот „Титаник” за изборни измами, на кое треба да бидат преслушани дел од преостанатите над 600 необјавени бомби како докази на специјалното јавно обвинителство.

— реклама —

На минатото рочиште од бомбите се слушаше како ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, бара од неговите соговорници итно да најдат противкандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година, за да не пропадне изборниот круг, а за таа услуга да им нудат пари за поткуп на некој од противкандидатите.

— реклама —

Поранешната министерка за внатрешни работи Гопрдана Јанкулоска во еден од разговорите откри и дека на една адреса се воделе по 50 луѓе и дека „индијански работи се прават за време на молк“.

Во „Титаник“ обвинети се 21 лице, меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања