🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Дуа Липа фатена во лага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
dua-bigger-head

Британската пејачка со потекло од Косово и Метохија, Дуа Липа, пред неколку недели изјави дека нема намера да настапи на Светското првенство во Катар „поради кршењето на човековите права во оваа земја“, но информациите до кои дојде „Daily Mail“ фрла ново светло на целиот случај.

— реклама —

Иако пејачката тврдеше дека никогаш не била во преговори за настап во Катар, британскиот портал објави кореспонденција меѓу нејзиниот татко Дукаѓин Липа и претставници на Светското првенство во фудбал, во која тој барал ќерка му да настапи на овој настан.

Во првиот мејл, испратен на 9 март 2020 година, Дукаѓин Липа наведува дека „ја претставува својата ќерка“ и дека сака да разговара за „плановите на Врховниот комитет за настапите на уметниците на Светското првенство во Катар во 2022 година“. Тој се пофали и со своите врски со уметници како Калвин Харис, Мајли Сајрус и Шон Мендез.

— реклама —

Во јануари 2021 година, таткото на пејачката повторно се обратил до претставниците на Светското првенство.

„Само сакав да се надоврзам на мојата претходна порака и да се запрашам дали би било можно да разговараме за секоја можност што може да се појави и со која можеме да помогнеме“, се вели во мејлот, во кој Дукаѓин Липа исто така ги пофали настапите на неговата ќерка.

Еден член на комисијата испрати краток одговор.

„Фантастично е да се слушне од вас и да се знае за таа можност со Дуа, како и да се знае дека и таа е заинтересирана“.

Дукаѓин Липа подоцна изјави дека во текот на 2020 година разменил неколку пораки со маркетинг тимот на Светското првенство во Катар. Тој тврди дека Дуа Липа не била вклучена во преговорите, ниту пак знаела за нив.

Пејачката, да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи објави изјава во која тврди дека никогаш не бил планиран настап на Светското првенство во Катар.

"Во моментов се шпекулира дека ќе настапам на свеченото отворање на Светското првенство во Катар. Нема да настапам таму ниту некогаш сум бил дел од какви било преговори", изјави пејачката минатиот месец.

Таа во минатонеделното интервју за „Варајети“ изјави дека спортскиот настан во Катар „оди против нејзините убедувања“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dua-bigger-head

Хари Стајлс прв на листата на најбогати млади луѓе, а зад него е Дуа Липа

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања