🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Мијалков преку адвокатите се жали зошто јавноста прави притисоци, кажа и “фала” на судиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mijalkov-1

Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда, се вели во нивната реакција.

— реклама —

„Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.

Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.

— реклама —

Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.

За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.

Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“ - се вели во реакцијата на одбраната на Мијалков потпишана од адвокатот Миле Петковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања