Македонија

Магла на неколку патни правци, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 40 м има на патните правци Тетово – Групчин и Кочани-Виница-Македонска Каменица, а видливост од 50м до 100м на патните правци Битола- Прилеп,Скпје-Куманово,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На почеток