Македонија

И без нов Клинички и без 20 милиони евра, Ковачевски и министрите солидарно од свои сметки да ја подмират штетата, вели ВМРО-ДПМНЕ

И без нов Клинички и без 20 милиони евра, Ковачевски и министрите солидарно од свои сметки да ја подмират штетата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДС не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клиничли центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДС подоцна.

5 години подоцна откако СДС го уништи цел процес, Скопје нема нов Клинички центар, а Владата треба да исплати 20 милиони евра народни пари отштета на фирмата која требаше да го гради истиот.

Државата е донесена во позиција да плаќа штета причинета од незрели политики на владејачката елита, затоа наместо од буџетот Ковачевски и министрите да ја покријат штетата која ја причиниле. Власта влезе во процес за нов клинички центар три пати поскап од тој што можеше да се изгради за да прави криминал.

Алчноста на власта сега народот треба да ја плаќа.

Државата е оштетена, народот е оставен без модерен клинички центар кој сега ќе беше функционален. СДС со секој поминат ден повеќе на власт го уништува јавното здравство. Затоа потребни се промени и Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе инвестира во здравството“, се вели во соопштението.

На почеток