Македонија

Страшно: Осум тепачки на осум локации

На 15.01.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Драчево, С.Ј.(23) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 00.20 часот на ул.„Бистра“ бил физички нападнат од Б.Ј.(25) и Ф.Ј.(21), двајцата од Скопје. се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.01.2023 во 11.00 часот во СВР Битола, П.Г.(59) од Битола пријавил дека околу 10.00 часот во „Новиот Пазар“ на ул.„Васко Карангелевски“ бил физички нападнат од Б.А. од Битола. Се работи на расчистување на случајот,

На 14.01.2023 во 10.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Е.(47) од Пробиштип пријавил дека околу 09.15 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 15.01.2023 во 00.25 часот во Полициската станица Дебар, А,Х,(26) од Дебар пријавила дека на 14.01.2023 околу 23.50 часот била физички нападната од А.Х. од Дебар. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино, Н.К.(19) од с.Долни Дисан пријавил дека околу 03.00 часот, по кратка расправија, бил физички нападнат од Д.Н.. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Центар, Н.П.(42) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на ул.„Козара“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2023 во 16.00 часот во Полициската станица Аеродром, Т.Б.(59) од Скопје пријавил дека на 13.01.2023 во 18.00 часот на бул.„АСНОМ“, на кеј на река Вардар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 14.01.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ едно лице физички ја нападнало и барало пари, но не ѝ одзело ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток