„Идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред, оти оваа е неспособна до коска“, вели Јоци


Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сегашната влада е неспособна до коска, а идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред.
„Не знам кој ја смислил идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, но мене ми е сосема во ред.
До нови избори кои се насушни.
Бидејќи оваа сегашна влада, октроирана, е неспособна до коска. Стоиме во место и од ден на ден е сé полошо. Исток не нé запишува, запад нé отпишува. Секој ден е преполн со бегства, црни хроники, колапси на секој чекор, рекетарски шеми и текстови по медиуми и социјални мрежи…
Цути само коцката и брзите кредити.
Јас не знам дури ни кои министри вршат функции, денеска за првпат ја видов жената која била министерка за труд и социјала.
Катастрофа!
Толку е тивко, а толку гласно се слуша падот кој е неминовен“, вели Јоци.
