Најчевска: Како смее во ситуација на очигледен конфликт, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија?
Од
Објавено на
Како смее во ситуација на очигледен конфликт меѓу Македонија и Бугарија, известувач за Македонија да биде државјанин на Бугарија, прашува професорката Мирјана Најчевска.
„Некој ептен се подигрува со нашата држава.
И не, Бугарите не се и никогаш не биле дел од државнотворноста на Македонија.
Напротив.
На секој начин се обидувале да ја попречат, а денес се обидуваат да ја уништат.
И не знам со кој памет македонските власти не се побуниле против поставувањето на Бугарин како известител за напредокот на Македонија во ЕУ пристапниот процес“, додава таа.