Аризанов: Себебитисување на Македонецот ќе биде комплетно само тогаш кога ќе се одрече и од комунизмот, и од фашизмот
Блаже Аризанов, млад претприемач и автор на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Македонците се однесуваат како творба на Тито.
„Доволно е само да се присетиш на сеуште значајната бројка на улици низ Македонски градови именувани по Тито.
Планински врвови именувани по Тито.
Улици именувани Жртви на Фашизмот, но ни една улица именувана Жртви на Комунизмот.
Залудно се чука Македонецот по гради и тврди дека има засебен идентитет – неговото себебитисување ќе биде комплетно само тогаш кога ќе се одрече и од комунизмот, и од фашизмот.
Само тогаш ќе биде сфатен сериозно.
Ова ни е цивилизациска задача од која сеуште бегаме и се криеме како глувци. Сеуште не можеме да го погледнеме светот со исправено лице.
Од фашизмот тврдиме дека се одрековме.
Од Комунизмот кога?
Кога ќе се одречеме од Комунизмот како што тоа го сторија Естонците на пример?
Дотогаш нека не се вреѓаме доколку нè сметаат за Коминтерновска творба“, стои во објавата.