СДСМ: Програма за поддршка на руралниот развој вредна над 1,3 милијарди денари
Владата предводена од СДСМ ја усвои Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, со вкупна вредност од 1,3 милијарди денари, вели СДСМ
„Програмата за поддршка на руралниот развој прераснува во инвестициона програма со која се помага развојот и модернизацијата на домашното земјоделство, развојот и подобрувањето на условите за живот во селата.
Преку новата мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, земјоделците добиваат можност со јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицирааат и да добијат неповратен грат до 10.000 евра за модернизација и развој на македонското земјоделство.
Продолжува и поддршката за младите земјоделци кој сакаат да започнат со земјоделска дејност преку грантот од 10.000 евра кој може да се исплати авасно до 40%, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци.
Со мерката поддршка за поттикнување на земјоделско производство обезбедуваме грант до 20.000 евра како неповратна финансиска помош наменета за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на семејните земјоделски стопанства. Корисниците на оваа мерка исто така имаат можност поддршката да ја добијат авансно до 40% од вкупната вредност на одобрениот износ.
Продолжува и поддршката за руралните жени, преку мерката за поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, каде е обезбедена грант поддршка до 6.000 евра како неповратна финансиска поддршка.
Обезбедена е финасиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, како и поддршка за подобрување на квалитетот за живот во руралните средини, обнова и развој на македонските села.
Во време на светска економска криза, СДСМ преку Владата и надлежното министерство продолжува да инвестира во земјоделците за зголемено домашно земјоделско произодство“, се вели во соопштението.